АКК „Никола Карев“ - The best racing club!
Женско Рели по повод 8-ми Март - 2010 PDF Print E-mail
Written by Administrator   
Tuesday, 02 March 2010 21:05

Женско Рели на денот на жената 8-ми Март - 2010

Женско Рели 2009 - Плоштад МакедонијаПо повод денот на жената 8ми март во сабота на 6ти март 2010 ќе биде одржано традиционалното женско рели. Организатор на овој натпревар е НВО СОБЗ во соработка со АКК Примо АВЈ. Центарот на случувањето ќе биде на Градскиот Плоштад во Скопје каде учесничките ќе ја поминат верификацијата на документите и техничкиот преглед на возилата од 9 до 10:30 часот, потоа ќе биде возено првото спретно возење-гимкана, а во 11 часот ќе биде означен стартот на првиот автомобил. Првата етапа ќе се вози до катната гаража Тинекс, а потоа до општина Гази Баба во Автокоманда каде ќе се вози второто спретно возење –гимкана, па повторно назад до Градскиот Плоштад каде ќе се прогласат најдобрите.

Право на учество имаат сите припаднички на понежниот пол, возач и совозач, кои поседуваат возачка дозвола. Возилата ќе бидат поделени во две класи, прва класа возила со зафатнина на моторот до 1600 кубни сантиметри и втора класа возила над 1600 кубни сантиметри. И оваа година релито ќе се вози под знакот на кампањата Размисли дали си безбеден возач.

Голема благодарност до Маккар МИНИ кои за овој настап ќе отстапат возило Мини Купер на Авто Картинг Клубот Никола Карев со кое ќе настапи Маја Милошевска во класата 1 до 1600 кубни сантиметри.

Повеќе информации на нашиот форум: http://amknk.16.forumer.com/viewtopic.php?t=1275.

Last Updated on Thursday, 04 March 2010 02:13
 
Прогласување Мото шампиони за 2009 PDF Print E-mail
Written by Administrator   
Thursday, 17 December 2009 21:51

Наградата „ЗЛАТНА КАЦИГА“ за Слободан Ивчески

На 06.12.2009 година во хотелот Александар Палас во организација на Мотоциклистичката Федерација на Македонија беше одржано свечено прогласување на најуспешните натпреварувачи во мото дисциплините – брзински мотоциклизам, скутери, мотокрос, а воедно беа доделни награди за јубилејните настапи на нашите учесници на ФИМ релито како и специјални признанија за одредени личности и институции за посебен придонес во развој на мото – спортот и мото културата.
Публиката ја дигнаа на нозе двајцата наши најуспешни мотоциклисти Христиан Илиоски за освојувањето на шампионската титула во Шампионатот во мото крос на Источна Европа и Слободан Ивчески кој ја доби наградата ЗЛАТНА КАЦИГА за три последователни титули во Шампионатот на Македонија во брзински мотоциклизам во класата до 600 кубни сантиметри за сезоните 2007, 2008 и 2009. Воедно оваа награда беше за прв пат доделена во историјата на македонскиот мотоциклизам.

 

Last Updated on Thursday, 17 December 2009 21:54
Read more...
 
АКК "Никола Карев" - Исписница Крсте Трајковски PDF Print E-mail
Written by Administrator   
Tuesday, 15 December 2009 05:38

 Исписница Крсте Трајковски 025

 

* Кликни на сликата за да ја видиш на големо или на десен клик „Save Image As...“ за да ја зачуваш
Датум на известување: 2009-12-14 12:32:41
Last Updated on Thursday, 17 December 2009 21:56
 
АКК "Никола Карев" - Исписница Слободан Трајковски PDF Print E-mail
Written by Administrator   
Tuesday, 15 December 2009 05:43

 Исписница Боби Трајковски 026

 

* Кликни на сликата за да ја видиш на големо или на десен клик „Save Image As...“ за да ја зачуваш
Датум на известување: 2009-12-14 12:35:23
Last Updated on Thursday, 17 December 2009 21:55
 
Авто Спретност - 5 и 6.12.2009 - Спортска Сала „Б. Трајковски’ PDF Print E-mail
Written by Administrator   
Wednesday, 02 December 2009 23:23

АЛКОХОЛ ИЛИ АВТОМОБИЛ - АВТО СПРЕТНОСТ 5 И 6.12.2009 СПОРТСКА САЛА БОРИС ТРАЈКОВСКИ

Во организација на СОБЗ на 5 и 6.12.2009 околу спортската сала Борис Трајковски ќе биде одржан натпревар од дисциплината авто спретност. Во сабота во 10 часот ќе започне пријавувањето на натпреварувачите и техничкиот преглед на возилата, а за во недела  е закажан натпреварот. Возилата ќе бидат поделени во следниве класи:
•    Класа до 1600 сантиметри кубни
•    Класа над 1600 сантиметри кубни
•    Класа до 1600 сантиметри кубни, тркачки возила подготвени за натпреварите од Шампионатот на Македонија во автомобилизам
•    Класа над 1600 сантиметри кубни, тркачки возила подготвени за натпреварите од Шампионатот на Македонија во автомобилизам

Поради големиот интерес за овој натпревар на припадничките од понежниот пол организторот одлучи да направи посебна класа за нив.
Last Updated on Tuesday, 15 December 2009 05:51
Read more...
 
« StartPrev123456NextEnd »

Page 1 of 6

Polls

Дали ќе одат трките на подобро?
 

Who's Online

We have 1 guest online

Advertisement

Your Banner Here:
AKKNK Banner 2009