|
Женско Рели по повод 8-ми Март - 2010 |
|
|
|
|
Written by Administrator
|
|
Tuesday, 02 March 2010 21:05 |
Женско Рели на денот на жената 8-ми Март - 2010
По повод денот на жената 8ми март во сабота на 6ти март 2010 ќе биде одржано традиционалното женско рели. Организатор на овој натпревар е НВО СОБЗ во соработка со АКК Примо АВЈ. Центарот на случувањето ќе биде на Градскиот Плоштад во Скопје каде учесничките ќе ја поминат верификацијата на документите и техничкиот преглед на возилата од 9 до 10:30 часот, потоа ќе биде возено првото спретно возење-гимкана, а во 11 часот ќе биде означен стартот на првиот автомобил. Првата етапа ќе се вози до катната гаража Тинекс, а потоа до општина Гази Баба во Автокоманда каде ќе се вози второто спретно возење –гимкана, па повторно назад до Градскиот Плоштад каде ќе се прогласат најдобрите.
Право на учество имаат сите припаднички на понежниот пол, возач и совозач, кои поседуваат возачка дозвола. Возилата ќе бидат поделени во две класи, прва класа возила со зафатнина на моторот до 1600 кубни сантиметри и втора класа возила над 1600 кубни сантиметри. И оваа година релито ќе се вози под знакот на кампањата Размисли дали си безбеден возач. Голема благодарност до Маккар МИНИ кои за овој настап ќе отстапат возило Мини Купер на Авто Картинг Клубот Никола Карев со кое ќе настапи Маја Милошевска во класата 1 до 1600 кубни сантиметри. Повеќе информации на нашиот форум: http://amknk.16.forumer.com/viewtopic.php?t=1275. Поради студеното време и ниските температури 6-то по ред Женско рели што требаше да се одржи на 6 март, организаторот реши да го одложи за 13 март. Локациите и саатниците остануваат исти. |
|
Last Updated on Thursday, 11 March 2010 03:31 |
|
|
Прогласување Мото шампиони за 2009 |
|
|
|
|
Written by Administrator
|
|
Thursday, 17 December 2009 21:51 |
|
Наградата „ЗЛАТНА КАЦИГА“ за Слободан Ивчески На 06.12.2009 година во хотелот Александар Палас во организација на Мотоциклистичката Федерација на Македонија беше одржано свечено прогласување на најуспешните натпреварувачи во мото дисциплините – брзински мотоциклизам, скутери, мотокрос, а воедно беа доделни награди за јубилејните настапи на нашите учесници на ФИМ релито како и специјални признанија за одредени личности и институции за посебен придонес во развој на мото – спортот и мото културата. Публиката ја дигнаа на нозе двајцата наши најуспешни мотоциклисти Христиан Илиоски за освојувањето на шампионската титула во Шампионатот во мото крос на Источна Европа и Слободан Ивчески кој ја доби наградата ЗЛАТНА КАЦИГА за три последователни титули во Шампионатот на Македонија во брзински мотоциклизам во класата до 600 кубни сантиметри за сезоните 2007, 2008 и 2009. Воедно оваа награда беше за прв пат доделена во историјата на македонскиот мотоциклизам. |
|
Last Updated on Thursday, 17 December 2009 21:54 |
|
Read more...
|
|
Заврши АКК „Н.К.“ Картинг Купот за 2009 година |
|
|
|
|
Written by Георѓиј Наков
|
|
Thursday, 15 October 2009 17:57 |
Георгиј Наков – ТОТА втор освојувач на Купот на АКК Никола КаревИзминатиов викенд картодромот Макс Карт во Волково беше домаќин на четвртата а воедно и последна трка од Картинг Купот на Авто Картинг Клубот Никола Карев за 2009 година. Очекувано, предводникот во генералниот пласман Георгиј Наков – Тота се бореше за освојување на Купот до крајот. Најпрво, во квалификациите го извозе најбрзиот круг со што ја обезбеди пол-позицијата на трката. Во трката сосема сигурен стигна до уште една победа оваа година со што го осигура првото место во генералата на Купот. Со тоа Тота сосема заслужено стана вториот освојувач на Купот на Авто Картинг Купот Никола Карев . |
|
Last Updated on Monday, 19 October 2009 17:04 |
|
Read more...
|
|
|
Авто Спретност - 5 и 6.12.2009 - Спортска Сала „Б. Трајковски’ |
|
|
|
|
Written by Administrator
|
|
Wednesday, 02 December 2009 23:23 |
АЛКОХОЛ ИЛИ АВТОМОБИЛ - АВТО СПРЕТНОСТ 5 И 6.12.2009 СПОРТСКА САЛА БОРИС ТРАЈКОВСКИВо организација на СОБЗ на 5 и 6.12.2009 околу спортската сала Борис Трајковски ќе биде одржан натпревар од дисциплината авто спретност. Во сабота во 10 часот ќе започне пријавувањето на натпреварувачите и техничкиот преглед на возилата, а за во недела е закажан натпреварот. Возилата ќе бидат поделени во следниве класи: • Класа до 1600 сантиметри кубни • Класа над 1600 сантиметри кубни • Класа до 1600 сантиметри кубни, тркачки возила подготвени за натпреварите од Шампионатот на Македонија во автомобилизам • Класа над 1600 сантиметри кубни, тркачки возила подготвени за натпреварите од Шампионатот на Македонија во автомобилизам
Поради големиот интерес за овој натпревар на припадничките од понежниот пол организторот одлучи да направи посебна класа за нив.
|
|
Last Updated on Tuesday, 15 December 2009 05:51 |
|
Read more...
|
|
АКК „Н.К.“ Картинг Куп - 2009 |
|
|
|
|
Written by Administrator
|
|
Saturday, 10 October 2009 18:42 |
Четвртата трка од АККНК Картинг Купот 2009 ќе се одржи на 12.11.2009 година на картодромот во Волково со почеток во 15 часот. Ова воедно ќе биде и последна трка од овој куп за 2009 година, што значи дека по оваа трка ќе се добие освојувачот на Купот кој се одржува втор пат оваа година, по успешниот Куп кој АККНК во соработака со Макс Карт го организираше минатата година. Моменталната состојба во генералниот пласман му оди во прилог на Георгиј Наков-Тота кој е во водство со 26 бодови, меѓутоа теоретски шанси за освојување на Купот имаат и Филип Џуклески, Дарко Ристовски и Жарко Атковски. Ова покажува дека ни претстои интересна трка со големи борби на патеката за подобри позиции. Повеќе информации на следниот линк: http://amknk.16.forumer.com/viewtopic.php?t=1086Пријавување на следниот линк: http://amknk.16.forumer.com/viewtopic.php?t=1087 |
|
Last Updated on Saturday, 10 October 2009 18:43 |
|
|
|
|
|
|
Page 2 of 7 |