| АКК „Н.К.“ го однесе првиот клубски пехар |
|
|
|
| Written by Administrator |
| Sunday, 02 August 2009 12:14 |
|
КЛУБСКА ПОБЕДА ВО КРУШЕВО ЗА АВТО КАРТИНГ КЛУБОТ „НИКОЛА КАРЕВ“ Последната трка од Шампионатот на Македонија во автомобилизам на ридски патеки пред паузата за годишните одмори беше возена на добро познатата патека во Крушево. Скромниот број на натпреварувачи ја обележи и оваа трка од Шампионатот на Македонија во автомобилизам, вкупно 16 возачи поделени во 5 класи. Класата 1 до 1150 кубни сантиметри го обележи враќањето на двајцата возачи од Битола, долгогодишниот натпреварувач во автомобилизмот Јордан Велевски кој настапи под псевдонимот Петар Македонски и Емилијан Цивкароски, овој пат и двајцата како возачи на АКК Никола Карев. Иако Македонски имаше пауза од 4 сезони сепак им зададе маки на помладите колеги од оваа класа со одличното возење и постигнувањето на солидни времиња. Трките во сите класи поминаа без изненадувања и очекувано досегашните победници повторно се искачија на највисокото место на победничкиот пиедестал. Оваа трка ќе остане запаметена и по новиот рекорд на патеката повторно поставен од возачот на АКК Никола Карев, Крсте Трајковски, но овој пат со возилото Фиат Ритмо. Новиот предизвик за останатите натпреварувачи е 3:50,75. Во конкуренцијата на клубовите најголемиот пехар заслужено си го доби Авто Картинг Клубот Никола Карев, кој воедно ја означи и првата клубска победа за овој клуб.Следната трка од ридскиот шампионат според календарот за 2009 година, треба да се вози на 29 август во Македонска Каменица. |
| Last Updated on Tuesday, 15 December 2009 05:52 |


