Трета трка од Шампионатот на Скутери 2009 PDF Print E-mail
Written by Administrator   
Friday, 25 September 2009 03:25

Плакат Шампионат на скутери 2009   По добиената информација од Мотоциклистичката Федерација на Македонија (МФМ) за одложувањето на најавената трка во Кичево, каде требаше да се одржат третата и четвртата трка од Шампионатот на Македонија во брзински мотоциклизам и третата трка од Шампионатот на Македонија со скутери, трката со скутери сепак ќе се одржи на картодромот во Волково на голема благодарност на домаќинот на патеката МаксКарт и организаторот на трката Мото Клубот Цобо спорт.

   Како и до сега, натпреварувачите ќе бидат поделени во 2 класи: до 80 кубни сантиметри и до 150 кубни сантиметри. Натпреварувачите мора да поседуваат полна опрема и полиса за осигурување, а котизацијата за натпреварот изнесува 500 денари.

   Домоник од Велес обезбеди специјална награда за поведникот во класата до 80 кубни сантиметри, вредносен бон од Полини во вредност од 15.000 денари.

   Неофицијалниот тренинг ќе се одржи на картодромот во Волково на 25.09.2009 со почеток во 14 часот, а квалификациите и трката ќе се одржат во недела на 27.09.2009. Квалификациите ќе започнат во 11:30.

Last Updated on Tuesday, 15 December 2009 05:52