Заврши АКК „Н.К.“ Картинг Купот за 2009 година PDF Print E-mail
Written by Георѓиј Наков   
Thursday, 15 October 2009 17:57

Георгиј Наков – ТОТА втор освојувач на Купот на АКК Никола Карев

Изминатиов викенд картодромот Макс Карт во Волково беше домаќин на четвртата а воедно и последна трка од Картинг Купот на Авто Картинг Клубот Никола Карев за 2009 година.
Очекувано, предводникот во генералниот пласман Георгиј Наков – Тота се бореше за освојување на Купот до крајот. Најпрво, во квалификациите го извозе најбрзиот круг со што ја обезбеди пол-позицијата на трката. Во трката сосема сигурен стигна до уште една победа оваа година со што го осигура првото место во генералата на Купот. Со тоа Тота сосема заслужено стана вториот освојувач на Купот на Авто Картинг Купот Никола Карев .
За трката да биде поинтересна се погрижи најголемиот конкурент на Тота, Филип Џуклески- Гејмер кој во оваа трка влезе со негатива од 8 поени, но со теоретски шанси за освојување на Купот. Во квалификациите Џуклески извозе петто најдобро време, па во трка мораше да брка за да не му дозволи лесно освојување на Купот на Тота. Сепак Тота беше премногу сигурен во текот на целата трка, па на крајот Џуклески се радуваше на второто место во трката, но и на вице-шампионското место во генералата.
Оваа трка требаше да донесе голема борба за третото место во генералниот пласман меѓу Жарко Атковски и Дарко Ристовски, меѓутоа Дарко немаше свој ден, а Жарко по освоеното второ место во квалификациите успеа да дојде до третото место во трката.
Најдобрата петорка во трката ја заокружија фамилија Милошевски, Југослав и Маја, кои уште на квалификациите најавија добра борба кога извозеа идентично време делејќи го третото место. Сепак во трката Југослав за нијанса поуспешен од Маја, па се пласира на четвртото место оставајќи го петото место на својата сестра.
Бодови во оваа трка освоија уште Никола Попевски, Маџар Јанош и Ѓорѓи Ристовски.
Честитки за сите учесници на Купот на Авто Картинг Клубот Никола Карев 2009, а она што следи во следниот период е прогласувањето на најдобрите од овој Куп.
Last Updated on Monday, 19 October 2009 17:04