Авто Спретност - 5 и 6.12.2009 - Спортска Сала „Б. Трајковски’ PDF Print E-mail
Written by Administrator   
Wednesday, 02 December 2009 23:23

АЛКОХОЛ ИЛИ АВТОМОБИЛ - АВТО СПРЕТНОСТ 5 И 6.12.2009 СПОРТСКА САЛА БОРИС ТРАЈКОВСКИ

Во организација на СОБЗ на 5 и 6.12.2009 околу спортската сала Борис Трајковски ќе биде одржан натпревар од дисциплината авто спретност. Во сабота во 10 часот ќе започне пријавувањето на натпреварувачите и техничкиот преглед на возилата, а за во недела  е закажан натпреварот. Возилата ќе бидат поделени во следниве класи:
•    Класа до 1600 сантиметри кубни
•    Класа над 1600 сантиметри кубни
•    Класа до 1600 сантиметри кубни, тркачки возила подготвени за натпреварите од Шампионатот на Македонија во автомобилизам
•    Класа над 1600 сантиметри кубни, тркачки возила подготвени за натпреварите од Шампионатот на Македонија во автомобилизам

Поради големиот интерес за овој натпревар на припадничките од понежниот пол организторот одлучи да направи посебна класа за нив.
Овој натпревар е организиран во знакот на кампањата за безбедност во сообраќајот, ставајќи го главниот акцент на вечерта за дочек на Нова година "АЛКОХОЛ ИЛИ АВТОМОБИЛ"

За подетални информации обратете се на тел. 02/3068-030 и 078/405-145.

Авто Картинг Клубот Никола Карев и на овој настан ќе има своја екипа во натпреварувачкиот дел. За повеќе информации на нашиот форум http://amknk.16.forumer.com/viewtopic.php?t=1154

Голема благодарност до МАККАР МИНИ кој за овој настан му отстапи возило МИНИ КУПЕР од 1600 сантиметри кубни и 120 коњски сили на Авто Картинг Клубот Никола Карев.
Last Updated on Tuesday, 15 December 2009 05:51