Прогласување Мото шампиони за 2009 PDF Print E-mail
Written by Administrator   
Thursday, 17 December 2009 21:51

Наградата „ЗЛАТНА КАЦИГА“ за Слободан Ивчески

На 06.12.2009 година во хотелот Александар Палас во организација на Мотоциклистичката Федерација на Македонија беше одржано свечено прогласување на најуспешните натпреварувачи во мото дисциплините – брзински мотоциклизам, скутери, мотокрос, а воедно беа доделни награди за јубилејните настапи на нашите учесници на ФИМ релито како и специјални признанија за одредени личности и институции за посебен придонес во развој на мото – спортот и мото културата.
Публиката ја дигнаа на нозе двајцата наши најуспешни мотоциклисти Христиан Илиоски за освојувањето на шампионската титула во Шампионатот во мото крос на Источна Европа и Слободан Ивчески кој ја доби наградата ЗЛАТНА КАЦИГА за три последователни титули во Шампионатот на Македонија во брзински мотоциклизам во класата до 600 кубни сантиметри за сезоните 2007, 2008 и 2009. Воедно оваа награда беше за прв пат доделена во историјата на македонскиот мотоциклизам.

 

 

Наградени:

Брзински мотоциклизам:

Класа до 600 кубни сантиметри

1. Слободан Ивчески МК Цобо спорт
2. Павле Ташковиќ МК Цобо спорт
3. Мартин Блажевски МК Цобо спорт

Класа до 1000 кубни сантиметри

1. Ѓоре Караколев МК Спиди ист
2. Томислав Трајковски МК МКД Стрит Фајтерз
3. Ивица Јакимовски МК Тумац

Клубови:

1. МК Цобо спорт Скопје
2. МК МКД Стрит Фајтерз Скопје
3. МК Тумац Скопје

Скутери:

Класа до 80 кубни сантиметри

1. Даниел Блажевски МКД Стрит Фајтерз
2. Томислав Арсовски МК Цобо спорт
3. Крумислав Панов МК Цобо спорт

Класа до 150 кубни сантиметри

1. Горан Јовановски МК Цобо спорт
1. Томислав Арсовски МК Цобо спорт
2. Маја Милошевска МКД Стрит Фајтерз


Мото крос:

Класа MX 85

1. Фетије Елези МК Вардар
2. Антонио Дејановски МК Бутел
3. Кристијан Панковски МК Бутел

Класа MX 2

1. Благојче Спировски МК Гого
2. Драган Ванов МК Вардар
3. Стефан Денковски МК Соколи

Класа MX 1

1. Дарко Дејановски МК Бутел
2. Арун Меховиќ МК Вардар
3. Мирче Ќорнаков МК Спортинг
3. Ердин Касумовиќ МК Вардар

Клубови:
 
1. МК Вардар Скопје
2. МК Бутел Скопје
3. МК Гого Скопје

Специјално признание за придонес во мото спортот доби нашиот долгогодишен пријател и соработник Златко Марковски, МАКС КАРТ Волково, а од медиумите наградите ги добија АБ канал телевизија и Авто плус.

Last Updated on Thursday, 17 December 2009 21:54